Трговската размена пораснала за 1,8 отсто

Bez autora
Apr 06 2010

Обемот на стоковната размена на Република Македонија во периодот јануари-февруари 2010 година е за 1.8% поголем од обемот на размената во истиот период од 2009 година. Ова денеска го соопшти заводот за статистика, додавајќи дека вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари - февруари 2010 година изнесува 401 милион долари, а на увозот 680 милиони американски долари. Покриеноста на увозот со извоз е 58.9 отсто, а трговскиот дефицит од почетокот на годинава изнесува речиси 278 милиони долари. Според заводот за статистика Македонија во првите два месеца од годинава најмногу извезувала производи од железо и челик (валани производи), облека, фероникел и преработките од нафта. Во увозот најмногу е застапена суровата нафта, електричната енергија и моторните возила за превоз на лица.

Трговската размена пораснала за 1,8 отстоОбемот на стоковната размена на Република Македонија во периодот јануари-февруари 2010 година е за 1.8% поголем од обемот на размената во истиот период од 2009 година.

Ова денеска го соопшти заводот за статистика, додавајќи дека вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари - февруари 2010 година изнесува 401 милион долари, а на увозот 680 милиони американски долари.

Покриеноста на увозот со извоз е 58.9 отсто, а трговскиот дефицит од почетокот на годинава изнесува речиси 278 милиони долари.

Според заводот за статистика Македонија во првите два месеца од годинава најмногу извезувала производи од железо и челик (валани производи), облека, фероникел и преработките од нафта.

Во увозот најмногу е застапена суровата нафта, електричната енергија и моторните возила за превоз на лица.

Во истиот период  најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите- членки на ЕУ 27 (63.8%) и земјите од Западен Балкан (29.3%), а во увозот земјите-членки на ЕУ 27 (47.5%) и земјите во развој (33.2%).

Најголеми трговски партнери на Македонија се Германија, Русија, Грција, Србија и Бугарија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik